Невработеноста во Словачка постојано се намалува (регистрираната стапка на невработеност достигна историски ниска вредност од 5,94% во декември 2017 година) и компаниите сè почесто имаат потешкотии да пополнат одредени работни позиции. На ваквата состојба реагира Министерството за труд.

Има се повеќе работни позиции кои работодавците не можат да ги пополнат

Од моментално достапните над 70.000 работни места, 10% се оние што нашите работодавци не можат да ги пополнат без помош од странци. Најлоша е ситуацијата во автомобилската индустрија каде до 2020 година се очекува да бидат отворени 14.000 нови позиции, од кои 70% ќе биде многу тешко да се пополнат.

Министерството за труд подготви мерка со која ќе се олесни вработувањето на странците. Ќе направат список на професии кои се дефицитарни и заедно со Министерството за надворешни работи и правда ќе подготват мерки за забрзано доаѓање на странци на овие позиции. Работодавачите ја поздравуваат мерката на Министерството за труд бидејќи ќе им овозможи пофлексибилно да реагираат на промените на пазарот. Сметаат дека сегашните услови за вработување на странци се многу неефикасни и долготрајни.

Тековни услови за вработување на странци во Словачка

Доколку фирмата моментално сака да вработи странец, мора да ја помине следната процедура:

Најмалку триесет дена пред вработување на странец, компанијата мора да пријави слободно работно место во канцеларијата за труд – само доколку никој не се пријави за оваа позиција, може да продолжи со вработување на странец. Потоа поднесува барање за привремен престој, за што полицијата ќе одлучи во рок од 90 дена.